ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да се порази за да се спасат човечки животи

0
96

Заев и Филипче не ги загрижува ниту вчерашната бројка од 193 новозаболени лица од Ковид-19 и поважно им е да си прослават годишнина од Преспанскиот договор, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека иако коронавирусот во Република Македонија се повеќе зема замав, ваквите бројки претставуваат нормалност за министерот Филипче.

„ Со 210 смртни случаи, единствено се потврдува дека Зоран Заев и Венко Филипче со својата неспособност само ја продлабочуваат кризата. Владата на Зоран Заев го урна здравствениот систем на Република Македонија. Освен здравствениот систем, и македонската економија се наоѓа на колена и наместо да им се помогне на илјадниците фирми коишто се на работ на егзистенција, фирмите на Заев во време на пандемија ги дуплираат своите добивки“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека СДСМ на парламентарните избори ќе биде поразен поради сето ова.