Асенсио се врати на терените по 11 месеци и по 30 секунди постигна гол, Реал со 3-0 ја доби Валенсија

0
53

Реал Мадрид се врати на два негатива во однос на Барселона откако вечерва со 3-0 ја доби пресметката со Валенсија, Марко Асенсио се врати на терените по пауза од 11 месеци и со својот прв допир постигна гол. Реал Мадрид убедливо славеше против Валенсија и покрај тоа што првото полувреме не навестуваше таков исход. Родриго ја погоди стативата, а гостите успеја и да ја затресат мрежата на Куртоа, но ВАР спасуваше и го поништи голот на гостите поради офсајд.

Но во второто полувреме сликата на теренот беше сосема поинаква, Реал заигра подобро и го отвори резултатот по еден час игра, Азар му асистираше на Бензема за 1-0.

Во 74. минута, домаќините поведоа со 2-0. Асенсио, кој се врати на терените по 11 месеци пауза, со својот прв допир и по само 30 секудни поминати во игра ја затресе мрежата на Валенсија.

Во финишот точка на натпреварот стави Карим Бензема со својот втор погодок.