Престанува обврската за кафеаните и рестораните да работат до 22 часот

0
129

Владата на вечерашната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

Во согласност со овие измени, ваквите објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци, наместо до 22 часот како што досега беше определено со протоколите.

Измените стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.