Уште еден ветеран во Вардар – Вујин потпиша договор на една сезона

0
126

Вардар донесе уште еден ветеран како засилување за следната сезона, откако „црвено-црните“ потпишаа договор на една година со српскиот десен бек Марко Вујин од Спортинг Лисабон.

35-годишниот Вујин е поранешен ракометар на Кил и Веспрем, каде што имаше клучна улога во своите тимови, освојувајќи национални титули, но не и ЛШ. Минатата сезона тој имаше седум настапи за Спортинг во ЛШ со 22 гола.

Претходно Вардар се засили и со Кантегрел, Јагуриновски, Гаџа, Векиќ, Талески и Георгиевски