ДУИ: Македонските партии ќе треба да го прифатат барањето за премиер Албанец оти ќе немаат мнозинство

0
165

Со еден силен и унифициран Албански глас, македонските партии ќе треба да го прифатат нашето барање за премиер Албанец бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците, велат од Демократската Унија за Интеграција преку соопштение.

Според ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против тоа Албанците да биле на врвот на власта, но ако заедницата се обедини, нема да можат да ги спречат.

„’Ултиматумот на ДУИ за премиер Албанец ќе не оддалечи од коалицијата, наместо да не зближи’ – е тоа што денеска го изјави претседателот на ВМРО Мицковски, копирајќи го неговиот хомолог од СДСМ Заев, кој пред само неколку дена строго и се спротистави на идејата за Премиер Албанец, истакнувајќи ‘Ако ДУИ има таков услов за владина коалиција, тогаш ДУИ
нема да биде дел од идната влада’“, велат од ДУИ.