Јанушев: Нема да дозволиме уцени и диктати од ДУИ или СДСМ

0
170

Нема да дозволиме уцени и диктати буквално од никого, ниту од ДУИ, ниту од СДСМ, ниту од било кој политички субјект, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев од Велес, каде беше запрашан за коментар за изјавите на ДУИ за премиер Албанец.

„Кој ќе биде партнерот во новата коалициона влада прво ќе зависи од резултатот кој што ќе го имаат останатите партии на изборите. Секако, после тоа и оние кои што ќе ја прифатат програмата, стратегијата и визијата пред се, а на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа како треба да се развива Република Македонија. Во однос на тоа инсистирање, јас само ќе кажам навистина не разбирам зошто се инсистира на тоа, впрочем и досегашниот премиер не се однесуваше ништо поразлично од тоа што го бараат Ахмети и Османи“, рече Јанушев.

Тој во Велес говореше и за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, пришто истакна дека поради состојбата со ковид-19 ќе има мали измени во комуникацијата со граѓаните.

„Во еден добар сегмент во водењето на кампањата, и во се на она што сме навикнати претходно да сме го имале како кампања, ќе имаме малку разлики. Една од тие разлики ќе биде поголемото присуство со штандови. Бидејќи сепак треба да внимаваме и да се придржуваме цело време кон мерките за заштита од корона вирус. И ова ќе биде еден од начините каде што ќе се обидеме да се претставиме и дојдеме до граѓаните и да го побараме секако нивниот глас. Во однос на првиот дел на прашањето како подготовки за кампањата, како што веќе сте сведоци во целиот изминат период дадов збор дека ќе ги посетам сите општини во изборната единица 3, половината се веќе посетени. И еве сум денеска во родниот Велес. Исто така ќе ги посетам и општините Чашка и општината Градско“, рече Јанушев.