Јанушев: Со програмата ќе дадеме завет за проектите што ќе ги направиме од позиција на власт

0
111

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 3, Игор Јанушев, оствари посета на Зелениково, Петровец и на Илинден заедно со кандидатите за пратеници Верче Мицевска и Марија Петрушевска.

„Денес, како припрема за кампањата за претстојните избори бев во посета на општините Зелениково, Петровец, Илинден. Овде сум со кандидатите за пратеници за Изборната единица 3“, посочи Јанушев.

Toj додаде дека заедно со целиот тим на Изборната единица 3, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува една голема победа.

Денеска сум во посета на Зелениково, Петровец и Илинден, заедно со кандидатите за пратеници Верче Мицевска и Марија Петрушевска.Заедно со целиот тим од ИЕ 3 ќе ја донесеме Обновата на Македонија, ќе реализираме многу проекти и ќе го подобриме животниот стандард.

Posted by Igor Janushev on Петок, 19 јуни 2020

„Заедно со овие луѓе ќе се бориме и ќе оствариме повисоки плати и повисоки пензии. Ќе го вратиме рамниот данок и многу дополнителни даночни олеснувања. Нашето ветување се 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции“, појасни Јанушев.

Генералниот секретар на партијата истакна дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе има обнова на фасадите, каде што државата ќе земе 50 отсто учество, гасификација буквално за секој дом во четиригодишниот мандат, и тоа со бесплатен приклучок за секое домаќинство. Исто така, порача дека Македонија ќе има четири нови клинички центри.

„Ова се само дел од проектите, набргу, од денес, ќе ја промовираме и нашата програма, која ќе биде ветување, завет пред граѓаните на Република Македонија во овој четиригодишен мандат, дека тоа што ќе го ветиме и ќе го испорачаме“, нагласи Јанушев.