Утре во 18 часот црн ТВ екран, а можно е за време на кампањата да нема телевизија од 19 до 22 часот

0
141

Како што веќе најавија сите оператори, утре во 18 часот ќе направат едночасовен прекин на сите ТВ канали вклучително и македонските (освен МТВ) , како реакција на Уредбите на Владата кои се однесуваат на регистрација на странски канали. Операторите се жалат дека се приморани на ова како последна опомена поради наметнатите нови правила кои како што велат се неприменливи и од 6 август ќе мора да ги изгасат каналите.

За да се избегне оваа мерка-протест, на барање на АВМУ беше закажан состанок меѓу преставници на операторите, со македонските национални телевизии и со министерот Дамјан Манчевски, но до неа нема да дојде бидејќи од телевизиите не покажале интерес да присуствуваат на средбата.

По ова одбивање на разговор, операторите го потврдуваат утрешното едночасовно исклучување на ТВ каналите, што е протест, а воедно и се покажува на граѓаните што ќе гледаат по 6 август поради недоволно добрата регулатива која е донесена од Владата.

Повеќе прочитајте на следниот линк:https://skopskoeho.mk/utre-vo-18-chasot-tsrn-tv-ekran-a-mozhno-e-za-vreme-na-kampanata-da-nema-televizija-od-19-do-22-chasot/