Во светот од коронавирус заразени 8,6 милиони лица

0
106

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 8,6 милиони лица, а бројот на починати изнесува над 458 илјади.

Најголем број на заразени и смртни случаи има во САД – над 2,2 милиони инфицирани и околу 119.000 смртни случаи.

Следен на листата е Бразил, кој ја надмина бројката од над еден милион заразени. Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил достигна 1.038.568, а од Ковид-19 починаа 49.090 луѓе.

Во однос на бројот на заразени, следна е Русија со околу 568 илјади жители со Ковид-19, по што следат Индија со повеќе од 380.000 и Велика Британија со нешто повеќе од 303.000 инфицирани лица.