Зидан: Моите играчи се паметни

0
77

Изјавата на Џерар Пике по натпреварот помеѓу Севилја и Барселона (0:0) е тема на денот во Шпанија. Искусниот играч на Барселона се збогуваше со титулата со зборовите дека не верува дека Реал Мадрид ќе кикснат некаде до крајот на сезоната.

Барселона синоќа на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја одигра просечен натпревар, освои само еден бод, што значи дека Реал ќе се врати на првото место доколку утре победи во Сан Себастијан кај реал Сосиедад.

По изјавата на Пике се огласи и тренерот на Барселона Кике Сетиен со зборовите дека и Реал ќе кикснат некаде до крајот на сезоната.

Најчести коментари во шпанската јавност по изјавата на Пике се дека „Каталонија потпишала капитулација“, бидејќи еден од најдобрите во тимот веќе ги прогласил Реа за шампиони.

Шпанските новинари побарале од тренерот на Реал Зинедин Зидан да ја коментира оваа изјава на Пике.

„Нема на моите играчи да им одредувам што треба да прават и какви изјави треба да даваат. Нема да кажат некаква глупост, моите играчи се паметни“, рекол Зидан без да навезе директно во изјавата на Пике