Арсовски: Ковачевски треба веднаш да биде повикан за исказ во ЈО за „Рекет“ од 250.000 евра

0
83

Трет ден Васко Ковачевски и СДСМ молчат за кривичната пријава за рекет од 250.000 евра кои се обидел да го изнуди Ковачевски, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, обвинувајќи дека владејачката партија и Ковачевски се обидуваат да ја прикријат аферата за РЕК Битола, каде што уништувале угледни фирми кои работеле таму, за сметка на СВ Инвест – фирма блиска до Вице Заев.

„Ние и претходно говоревме за фирмата СВ Инвест дека добива работа по основ на непосредна релација со Вице и Зоран Заеви и тоа без никакво портфолио. Без механизација, без човечки кадар, Васко Ковачевски на незаконски начин ја избрка фирмата која не сакала да плати рекет од 250.000 евра и на нивно место преку договор во 4 очи тендерот го додели на фирмата СВ Инвест која е во непосредна релација со Вице Заев. Рекетот стана најпрофитабилен занает и бизнис во СДСМ и во оваа влада предводена од СДСМ“, вели Арсовски.

Тој побара Ковачевски да биде разрешен од позицијата директор на ЕЛЕМ, позиција која што ја добил како награда за тоа што им одработи на Вице и Зоран Заеви со фирмите во РЕК Битола. ВМРО-ДПМНЕ побара и Васко Ковачевски, заедно со сите инволвирани и сите одговорни да биде повикан во Јавното обвинителство на сослушување и да се отпочне соодветна постапка соодветно кривичната пријава.