Нападот во Англија е оквалификуван како терористички акт

0
78

Британската полиција ќе го третира како терористички акт нападот во кој три лица беа убиени, а тројца сериозно повредени откако маж со нож ги нападна во парк во градот Ридинг на југот на Англија.

Инцидентот е прогласен за терористички напад и дека во моментов се води истрага за овој настан.

Полицијата претходно соопшти дека уапсен е 25-годишен напаѓач.

Сведоците велат дека мажот го извршил нападот околу 18 часот по локално време, бодејќи минувачи во паркот во Ридинг, град на околу 65 километри од Лондон.

Полицијата објави дека не бара други осомничени.

„Нема податоци што укажуваат на постоење на натамошна опасност за јавноста, но ги повикуваме граѓаните да останат будни и да пријават во полицијата доколку видат нешто сомнително“, рече главниот истражител Јан Хантер..

Сведокот Лоренс Ворт за Би Би Си изјави дека напаѓачот одеднаш пошол кон групата од околу осум до десет лица и почнал да ги прободува. Тој се обидел да нападне и други лица, но сите почнале да бегаат од местото на инцидентот, па и напаѓачот избегал од паркот.