Парламентарни избори во Црна Гора на 30 август

0
63

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ги распиша парламентарните избори за 30 август.

Покрај парламентарните избори, ќе бидат одржани и избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор.

Одлуката е донесена по консултациите помеѓу Ѓукановиќ и претставници на парламентарните партии и коалиции.