СДСМ: Минутажата за реклами на БЕСА, АВМУ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ

0
85

СДСМ ја обвинува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека минутажата за платено политичко рекламирање што треба да ја добие Движењето БЕСА ја добива опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска изјави денеска дека иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ.

„Во ваков случај на Движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета. Агенцијата под контрола на ВМРО ДПМНЕ го игнорираше обраќањето на ДИК до Движењето БЕСА да изготви план за медиумско претставување и тоа не ја спречи агенцијата да издаде наредби спротивно на Изборниот Законик“, рече Кузеска.

Таа нагласи дека ставајќи се целосно во партиска служба, директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчески, не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии.