Се менува состојбата во Дебар, новозаразени се 18 лица

0
140

Во Дебар, градот кој беше под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата драстично се менува.

Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29.

Претходно, 17 матични лекари го завршија скринингот за имунитет на населението во општината, беше констатирано дека ситуацијата е под контрола, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени кон почетокот на мај.

Дебар на 13 март беше ставен во целосна изолација поради тоа што беше прво жариште на вирусот, кој се рашири откако двајца заразени сопружници се вратија во земјава, од европското жариште на вирусот – Италија. По нив, се заразија и други 49 лица, а четворица ја загубија битката со болеста.

Од градот не смееше ниту да се влезе ниту да се излезе од него, освен за оние работници кои мораа да се справуваат со кризната ситуација.

Дебрани строго се придржуваа до мерките, но во последниве неколку дена, во општината се бележат нови случаи на Ковид-19