Шпанија го укинува задолжителниот карантин за британските туристи

0
58

Шпанија го укинува задолжителниот карантин за британските туристи почнувајќи од недела, потврди министерот за надворешни работи, Аранча Гонзалез.

Гонзалез изјави дека шпанската влада еднострано одлучила да дозволи стотици илјади британски сопственици на домови да доаѓаат и да останат во земјата. Шпанија има во сила закон од 15 март дека сите луѓе од странство мораат да се изолираат 14 дена кога влегуваат во земјата.

Отстапка ќе биде направена за Британците, одлучено е по неколкудневните разговори меѓу британската и шпанската влада. Мадрид се обиде да го убеди Лондон да им дозволи престој на Шпанците во Велика Британија, но реципрочна одлука сè уште не е донесена.

На туристите сепак ќе им биде мерена температура и ќе бидат принудени да ги предадат контактите на шпанските власти за да можат да се следат доколку се појават нови инфекции, додаде Гонзалез.

Туризмот е витален извор на богатство за Шпанија со дури 12 проценти од БДП и околу 2,6 милиони работни места во овој сектор.