Тешко дека ќе има тркалезна маса, албанските партии се чувствуваат изневерени од ДУИ

0
140

ДУИ на прагот на изборите бара премиер Албанец, а за тоа ја бара поддршката на албанските политички партии. Пред неколку дена, Талат Џафери од ова партија побара да се создаде заедничка платформа за поддршка на оваа идеја.

„Апелирам да се формира заедничка платформа, со цел по изборите заедно да го поддржиме тој кој ќе го обезбеди потребното мнозинство“, рече Џафери.

Лидерот на АА, Зијадин Села, вели дека не се занимаваат со предлозите на ДУИ поради тоа што, како што рече, тие се манипулативни.

„Воопшто не сакаме да се занимаваме со нивниот предлог бидејќи е манипулативен. Воопшто не е искрена таа изјава сега кога изборните листи се подготвени. Како и да е се секој се трка со неговиот изборен список. Каде е нивната идеја на подадената рака, рака која секогаш кога ја подадовме од наша страна, добивме нож на грбот.“, рече Села.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вели дека доколку победат на избори ќе седнат со албанската опозиција само за да работат на интерес на Албанците.

„Јас сметам дека комуникацијата меѓу албанските партии треба да се подобри, бидејќи не беше доволна. Тој товар и припаѓа на партијата која е прва и добива мнозинство гласови од Албанците. Како коалиција, доколку победиме на избори, се обврзуваме пред граѓаните дека ние ќе бидеме тие кои ќе подадат рака и ќе ги поканиме другите партии кои ќе останат во опозиција да ги реализираме заедно прашањата кои се во врска со интересот на Албанците.“, рече Гаши.

Генералниот секретар на Движење Беса, Арјанит Хоџа, вели дека доколку се свика тркалезна маса тие ќе учествуваат и ќе бараат отчет од ДУИ.

„Ние сигурно ќе учествуваме во тркалезната маса на албанските политички партии и ќе бараме одговорност и отчет за владеењето на ДУИ во текот на овој период што е спроведено од Заедничката Декларација.“, изјави Хоџа.