„Лаутаро никогаш не побарал трансфер“

0
73

Извршниот директор на Интер Бепе Марота за италијанските медиуми изјавил дека Лаутаро Мартинез никогаш не побарал трансфер.

Неколку месеци во медиумите е актуелна приказната дек Барселона покажува голем интерес за Аргентинецот.

„Лаутаро го привлече вниманието на големите клубови, тоа сите го знаат. Тој има квалитет и поради тоа е предмет на интерес. Сепак Интер нема намера да ги продава своите најдобри фудбалери. Доколку фудбалерот не побара да замине, ни ќе го задржиме“, рекол Марота.

„Лаутаро е задоволен што постои интерес за него но тој никогаш не побарал да го напушти клубот. Верувам дека ќе игра во Интер и наредната сезона“.

Интер, претходно, изјавија дека Лаутарот може да замине само доколку некој клуб ја плати клаузулата од 110 милиони евра.