Леванте не губи кога Барди е стрелец

0
67

Енис Барди во саботата постигна еден од трите гола со кои Леванте забележа значајна победа кај Еспањол (3:1). Македонскиот репрезентативец се ослободи од тројца противнички играчи и од работ на шеснаесетникот го совлада ветеранот Диего Лопез.

Голот што го постигна пртив Еспањол беше трет за Барди оваа сезона во Примера. Според статистиката кога Барди е стрелец Леванте не губи натпревар, а на последните осум натпревари кога гол постигнувал македонскиот репрезентативец Леванте забележале исто толку победи.

Од 2017 година кога од Ујпешт за 1,5 милиони евра пристигна во Леванте, Барди има учинок од 15 гола и 10 асистенции.