Нов Зеланд ја продолжува забраната за пристигнување на крузерите

0
76

Властите на Нов Зеланд објавија дека ќе ја продолжат забраната за пристигнување крузери затоа што во земјата се појавија нови случаи на инфекција со коронавирусот, увезен од странство.

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Арден, на прес-конференција изјави дека владата ќе ја продолжи забраната, која требаше да биде во сила до 30 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на епидемијата во Нов Зеланд, кај 1.513 луѓе е потврден коронавирусот. Како резултат на инфекцијата, 22 лица починале, додека 1.482 оздравеле. Има 9 активни случаи, а два се потврдени во последните 24 часа.