Плажите во Италија преполни, задолжителна резервација

0
90

Плажите во Италија биле преполни за време на првиот летен викенд, а за пристапот до многу јавни плажи била неопходна резервација преку дигитална апликација, бидејќи бројот на посетители е ограничен поради мерките за социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19.

За пристап до јавните плажи во поширокото подрачје на Џенова, луѓето чекале во редови до девет часот наутро, а апликацијата за резервација „Spiaggiati“ покажала дека на повеќето плажи во градот немало слободни места во првиот ден од летото.

Многу семејства кои немале пристап до јавни плажи веруваат дека ваквите мерки го загрозуваат правото на сите да имаат пристап до јавните капалишта, особено по тримесечните строги мерки воведени во борбата против вирусот Ковид-19.

„Со две деца кои треба да бидат подготвени и облечени, невозможно е да се излезе од дома во осум часот наутро. Се откажавме од денот на плажа, кој станува лов на слободно место и повеќе не е задоволство“, рече Силвија од Џенова.

Од 3 јуни, истовремено во Италија се отворија регионалните граници и дозволени се пристигнувања од ЕУ и шенген-земји.