Севилја со трето реми во низа, интересни 2:2 во Вилјареал

0
62

Вилјареал и Севилја одиграа интересно 2:2 реми на „Керамика“, иако на двата клуба им се потребни победи во борбата за европски пласман.

„Жолтата подморница“ прва дојде во водство преку Пако Алкасер уште во 18. минута од мечот, но Севилја успеа да израмни преку Серхио Ескудеро во 39. минута. Во последните секунди од првото полувреме, капитенот Санти Казорла имаше убава асистенција (седма оваа сезона) до Пау Франсиско Торес за ново водство на домаќините, пред во 63. минута Ел Хадади да донесе поен за Севилја.

По третото реми во низа, Севилја останува на третото место на табелата со 53 поени, само еден пред Атлетико Мадрид (кои имаат натпревар помалку), додека Вилјареал се шести со 48 поени