Вардар во првиот шешир за ЛШ со ПСЖ, Веспрем и Барса

0
119

Актуелниот европски шампион Вардар, Пари Сен-Жермен, Веспрем и Барселона ќе бидат во првиот шешир за ждрепката за Лигата на шампиони на ЕХФ во 2020/21, која ќе се оддржи во среда на 1 јули.

Од следната сезона, европското елитно натпреварување ќе биде во сменет формат, со само 16 тимови поделени во две групи со осум. Од четирите шешири ќе се изберат по два тима во групата А и групата Б, а ќе се почитува и „заштитата“ за земјите учеснички, односно Франција, Унгарија и Германија нема да можат да играат во група со тимови од својата земја.

Кил, Кјелце, Алборг и Порто ќе бидат во вториот шешир, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Нант и Пик-Сегед ќе бидат во третиот, додека Целје, ППД Загреб, Елверум и Флензбург се во четвртиот шешир.

Првопласираните два тима влегуваат директно во четврт-финалето, додека од третото до шестото место ќе играат во осминафиналето