Фенербахче и Обрадовиќ и официјално се разделија

0
70

Фенербахче потврди дека тренерот Жељко Обрадовиќ си заминува од клубот по седум години, потврдувајќи дека српскиот стручњак, кој е најуспешниот тренер во Евролигата со девет титули ќе паузира една година

Обрадовиќ и претседателот на Фенер, Али Коч имаа неколку состаноци минатата недела во Истанбул, пред тренерот да се врати во Србија во петокот за да зборува со своето семејство пред да ја донесе конечната одлука.

„Се согласивме да се сретнам со моето семејство и во таа атмосфера да донесам одлука. Ова е една од најтешките одлуки во мојот живот и заедно со семејството решивме дека е потребно да земам една година пауза од тренерската работа“, вели Обрадовиќ во соопштението на Фенер.

Ова претставува крај на една ера за турскиот клуб, кој со Обрадовиќ се крена на европската сцена – во 2017 година ја освои првата титула од Евролигата по дебито во 2015 година. Од 2013 Фенер освои четири турски титули (2014, 2016, 2017, 2018) и беше постојано во Фајнал форот на Евролигата од 2015 година