Голем пораст на бројот на новозаразени во Србија

0
54

Во Србија се регистрирани 143 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Во последните 24 часа нема починати како резултат на Ковид-19. Во истиот период биле тестирани 7.748 лица, а досега направени се вкупно 359.068 тестови.

Од појавата на коронавирусот во Србија, регистрирани се 13.235 случаи на инфекција.

Вчера во Србија имаше 102 новозаразени лица, а едно лице почина.

Во Србија со денови има по повеќе од 90 новозаразени, што, според тамошните експерти, е загрижувачка статистика.

Кризниот штаб за борба против коронавирусот денеска донесе одлука да се вратат одредени мерки и тие веднаш стапија на сила – носењето заштитни маски во јавниот превоз е задолжително, а се препорачува да се носат маски и во сите затворени простории