СЗО за следната недела очекува бројка од 10 милиони заразени

0
101

Светската здравствена организација (СЗО) очекува бројот на инфекции од коронавирус во светски рамки следната недела да достигне 10 милиони.

„Во СЗО досега се пријавени 9,1 милиони случаи и повеќе од 470.000 починати“, изјави денеска директорот на oрганизацијата, Тедрос Адханом Гебрејесус, пред новинарите во Женева.

Во првиот месец од епидемијата се пријавени помалку од 10.000 заразени, а во последниот месец скоро четири милиони.

„Очекуваме вкупниот број случаи да достигне 10 милиони следната недела“, предупреди тој.

Директорот на СЗО повтори дека сите имаат одговорност да сторат сé што е во нивна моќ во бробата против вирусот и за спас на човечки животи