Заев: Со СДСМ македонската иднина е сигурна, безбедна, извесна

0
94

„Чест ми е што денеска, од мојата, од нашата македонска Струмица ја почнуваме кампањата на коалицијата ‘Можеме’, предводена од СДСМ. Поради заштитата на јавното здравје, ќе водиме една поинаква кампања и ќе ги повикаме сите граѓани да ги слушнат нашите решенија и да излезат на овие избори кои се особено важни за народот и државата да добијат легитимни и целосно функционални институции“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на стартот на изборната кампања.

„Во изминатите три години државата ја ставивме на правиот пат, на патот кој води напред, во НАТО, во ЕУ, патот кој носи јасен напредок и подобар живот. Од економија во минус каква што наследивме, денес имаме стабилна, развојна економија со постојани стапки на раст. Економија во која платите растат во сите сектори, а невработеноста се намалува. Имаме македонска економија која стои исправено пред налетот на кризата која ја предизвика коронавирусот. Со брзи, одмерени и економски мерки спасивме илјадници работни места, ја помагаме приватната потрошувачка и куповната моќ на граѓаните со пониски примања. Тоа овозможува шанса за брза и ефикасна трансформација на нашата економија. Затоа, сега е време за нови иницијативи, за нови потфати и успеси на кои се обврзуваме“, рече тој.

Заев додаде дека имаат план, модел, за успешно справување со последиците на корона-кризата, за уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, како и мерки кои носат ред, правда и дисциплина.

„Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здравство, за уште поголема грижа за здравјето на граѓаните. Создаваме земја на слободни и одговорни луѓе, држава која ги решава проблемите на ефикасен и праведен начин. Држава која обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот. Остваривме врвен стратешки интерес, влеговме во НАТО. Почнуваме преговори за членство во ЕУ. Сега знаеме, сигурни сме дека го можеме тоа. Тоа носи сигурна иднина за сите нас и за сите наши деца и гарантиран брз економски развој. Со СДСМ, македонската иднина е сигурна, безбедна, извесна.
И нема кој не знае дека од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, партија без став за ниту едно важно прашање, партија која не успеа да се промени и која и секој ден претставува опасност за државата“, додаде тој