Земјава на прво место во регионот по бројот на активно заболени од коронавирус

0
128

Земјава е на прво место во регионот со најголем број активно заболени лица од коронавирус на 100.000 жители, по што следуваат Косово и Босна и Херцеговина. Во Северна Македонија, регистрирани се 145 активни случаи на 100 илјади жители, во Косово 61 и во БиХ 32 активни случаи на 100 илјади жители, објави агенцијата МИНА.

На четвртото место е Албанија со 28 активно болни на 100 илјади жители, а потоа следат Србија со 11, Црна Гора со девет, Хрватска со тројца и Словенија со двајца активно болни на 100 илјади жители.

Агенцијата МИНА ја пресметува стапката на активни случаи во Србија врз основа на бројот на активни болни, што е достапно на веб-страницата www.covid19.rs и бројот на жители на таа земја, што според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија е 6,98 милиони.

Во регионот, најголем број инфицирани со коронавирус во однос на бројот на жители се регистрирани во Северна Македонија, по што следат Србија и БиХ на трето место. Во земјава има 2.555 заразени на милион жители, 1.875 во Србија и 1.015 заразени на милион жители во БиХ. На четвртото место е Словенија со 741 заразени на милион жители, а потоа следува Албанија со 711, Црна Гора со 600 и Хрватска со 580 заразени на милион жители.

Бројот на заразени лица е изразен на милион жители заради подобра споредба. Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Словенија – 7,11 проценти, Северна Македонија – 4,72%, по што следат БиХ со 4,69% и Хрватска со 4,52 проценти.

Стапката на смртност во Црна Гора е 2,38 проценти, во Албанија – 2,15% и во Србија – 2,01%.

Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Србија – 50,313 на милион жители, Словенија е на второто место со 46.151, а Црна Гора е на третото место со 26.1183. На четвртото место е Северна Македонија со 25.571 тестирани на милиони жители, а потоа следува БиХ со 23.921 и Хрватска со 17,83 илјади тестирани на милион жители.