Коронавирусот се прошири во две болници во Загреб

0
49

Коронавирусот влегол во две болници во Загреб, а заразени се пет лица од медицинскиот пресонал и 16 пациенти, пренесува хрватски „Индекс“.

Четворица вработени и 16 пациенти биле заразени во психијатриската болница Свети Иван, а докторка која работела на Одделот за онкологија и нуклеарна медицина бил заразена во Клиничката болница Сестри на милосрдието.

Одделот бил затворен, а просториите веднаш дезинфицирани.

Во првата болница сите 34 лица кои работат во одделот за општа медицина се во изолација, како и четворицата позитивни вработени, што е вкупно 39 вработени од болницата Свети Иван кои сега се во самоизолација.

Во Клиничката болница Сестри на милосрдието, позната и како Виноградска болница, специјализантка од западна Славонија, која била на едукација во болницата, е позитивна за коронавирус, а во понеделникот била на работното место.

Во самоизолација е и еден пациент кој го прегладала и 19 доктори и медицински сестри. Од Институтот за јавно здравје за „Хина“ изјавиле дека епидемиолозите сега ќе имаат многу работа за да ги „уловат“ сите можни контакти.

„За жал, немам добри вести за Загреб, имаме 24 позитивни и се прават уште 50 тестови. Од тие 24, денес имаме вкупно 16 позитивни пациенти во болницата Свети Иван четворица работници и една колешка во КБЦ Сестри на милосрдието. Вестите не се добри, но што е, тука е, нашите епидемиолози вредно ги следат сите контакти“, изјави за медиумите директорот на Институтот за јавно здравје, Звонимир Шостар