Унгарија демантира дека ноќеска ќе ја затвори границата со Србија

0
82

Унгарската амбасада во Белград вечерва ги негираше гласините дека Унгарија вечерва планира да ја затвори границата со Србија.

„Во српските медиуми се појавија вести дека Унгарија вечерва планира да ги затвори границите. Ве инфомираме дека, сепак, унгарската Влада во моментов не планира да ги преземе овие мерки“, се вели во соопштението за амбасадорот д-р Атила Пинтер.

Тој побара сите да бидат информирани од автентични, а не од лажни извори.

Порталот „Директно“ претходно денеска соопшти дека Унгарија вечерва ќе ги затвори границите со Србија.