Хендерсон: Клоп не увери да му веруваме, дека можеме, и го следевме!

0
64

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон не можеше да ги најде вистинските зборови за да го опише „моментот кој никогаш нема да го заборави“ откако Ливерпул и математички ја освои титулата во Премиерлигата.

„Не сакав да зборувам за ова додека кочечно се не биде готово. Феноменално е конечно да се `помине линијата`. Многу сум среќен поради своите играчи, навивачите, клубот и градот. Моментно сум преплавен со емоции и навистина сум горд на она што го постигнавме“ рече Хендерсон по победата на Челси над Сити.

Цел тим на „црвените“ заедно го гледаа мечот на „Стемфорд Бриџ“.

Campeones, campeones, ole, ole, ole! 🏆

Jurgen Klopp and his #LFC players have celebrated in style after being crowned Premier League champions. 🍾 pic.twitter.com/5Eoj8Zp4Zm

— Sky Sports (@SkySports) June 25, 2020

„Кога ја освоивме Лигата на шампиони бевме на теренот, беше многу поинаку, емоции, искуство. Кога заврши мечот, имавме можност заедно да прославиме. Ова е уште еден момент во нашите животи кој никогаш нема да го заборавиме. Искрено, останав без вистинските зборови. Во текот на целата сезона се концентриравме на мечевите, на она што не чека. Сега кога е готово, тешко е да се каже било што. Го гледам Клоп со оваа титула, не сакам да кажам ништо лошо со сите оние со кои сум работел порано. Не увери нас да му веруваме, да сакаме повеќе, дека можеме се и само го следевме“ рече Хендерсон за „Скај Спорт“.

“It’s another moment in our lives that we will never forget.”

An emotional Jordan Henderson gives his reaction to Liverpool’s Premier League title win.

Watch our special reaction show live on Sky Sports News now: https://t.co/vLGbanplcI pic.twitter.com/ayel3kc5qq

— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) June 25, 2020