Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијатануди Македонски концепт во Велес и Штип

0
68

Предизборниот караван на Македонски концепт денеска ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3. За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборнатаединица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица ЕлизабетаКостова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно заградот и што е потребно за граѓаните на Велес. “Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот,за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина заграѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законитесе менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не сезнае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарноповедение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои сежртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години,да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони еврагодишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што морада се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспротионие мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиотопштествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тојпроцес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно заВелес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески. Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и ЕлизабетаКостова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборнатаединица 3.“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животнатасредина а Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животнатасредина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да седислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќезелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланскатакатастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцирашеКостова Бочварова.Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните кадепроф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите импонудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме дабидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена!Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе сеизбориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи,народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народотживее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница наагонија.”„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да сменименешто во оваа наша држава“, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип.