Тешко повреден пешак во Тетово

0
71

Дваесет и тригодишен возач удрил во пешак на булеварот Илинденска во Тетово.

Според информациите на МВР, вчера во 15:40 часот било пријавено дека автомобил „фоклсваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.А.(23) од Тетово, удрил во пешакот Џ.И.(35) од село Слатино.

Во незгодата Џ.И. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување  лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.