Трипуновски: Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака, додека ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, план за обнова на земјоделието

0
116

Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака. Цела година помина, а само 30% од податоците за ажурирање на катастарските парцели во СИЗИП и ЕРЗС е завршено. Крајниот рок за ажурирање на податоците е 30 јуни. Власта има уште 5 дена, а цели 70% за ажурирање. Ова е доказ за неспособноста на менаџментот на МЗШВ. Заради кои земјоделците ќе останат без субвенции, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што правеше власта цела година и зошто се доцни со ажурирањето на податоците?! Дополнително треба да имаме во предвид дека креирање на е – Барања за директни плаќања од Програмата за 2020 година е до 31 јули 2020 година. Роковите притискаат, а СДСМ се неспособни. Мора итно да биде продолжен рокот за ажурирање, но истовремено и да се утврди одговорност за ова доцнење и ненавремено извршување на задачите и тоа кај раководните лица во МЗШВ. Земјоделците не се должни да ја трпат неработата на пајташите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, кои ги плаќаат од својот џеб за да работат за нив, а не за партијата. Уште еднаш потенцирам, дека за ваквиот тип на неработа одговорност со сиугурност ќе биде побарана по промената на власта. Никој не смее да си поигрува со земјоделците, вели Трипуновски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија, план за обнова на земјоделието.
СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

Власта си поигрува со земјоделците и нивната мака. Цела година помина, а само 30% од податоците за ажурирање на…