Во Словенија 11 нови случаи, задолжително носење маска во затворен простор

0
80

Во последните 24 часа, 843 лица биле тестирани за коронавирус во Словенија, а вирусот е потврден кај 11 од нив, објави словенечката влада.

Бројот на активни случаи се зголеми на 68, а бројот на потврдени случаи од почетокот на епидемијата е 1.558, по извршени вкупно 98.810 тестови.

Најголем број на нови случаи оваа недела се потврдени во понеделникот, кога имало 13.

Најголем број на нови случаи во еден ден во Словенија имало на 26 април, кога биле потврдени 61 случај.

Поради зголемувањето на бројот на нови случаи во Словенија и околните земји, словенечката влада воведе нова обврска за задолжително носење маски во затворен простор и во јавниот превоз.

Покрај увезените случаи од странство во Словенија, во последните денови се откриени неколку случаи на пренесување на вирусот во затворени простории во ноќни клубови и за време на социјални собири и забави, особено помеѓу млади луѓе.

Затоа, епидемиолозите предупредуваат повторно за потребата од ограничување на бројот на лица во затворен простор, одговорно однесување на сите и придржување кон основните мерки за самозаштита.

За да ги обесхрабри граѓаните да одат во држави со зголемен ризик, Владата донесе и указ според кој на оние кои се ставени во домашен карантин при пристигнување од земји со висок ризик имаат право на боледување со исплата на половина плата, што е значително помалку од оние што се заразуваат во Словенија и на кои им се исплаќаат 80 проценти од платата.