Филипче: Пристигнаа тестовите за брза дијагностика на Ковид-19

0
97

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека е завршена постапката за набавка и стигнати се тестовите за брза дијагностика на Ковид-19, кои ќе се користат при приемот на пациенти во клиничките болници.

„Набавивме тестови за т.н. брза дијагностика, тие стигнаа, и ќе бидат распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Инфективната клиника и Гинеколошко акушерската клиника. Тој тест е готов за 45 минути. Што значи после тријажата и ваквиот брз тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција“, изјави вчера Филипче.

Во однос на одложените интервенции на хируршките клиники, Филипче информира дека дел од персоналот од овие клиники помагаат и во другите инфективни одделенија, но има и клиники кои функционираат.

„Има добар дел од клиниките коишто сосем добро ја организираа работата и сега функционираат, како клиниката за хематологија, за гастроентерохепатологија, пулмологија во оној дел за пациенти коишто се ковид негативни и кардиологија, којашто веќе почна да го враќа програмот на откажаните пациенти“, изјави Филипче и додаде дека за одложените пациенти, веќе се направени интерни списоци од страна на стручните колегиуми и ќе се викаат пациентите по ред онака како што биле откажувани