Маж од Неготино починал на пат до болница

0
61

Четириесет и тригодишен маж ноќеска бил пронајден во бессознание во неговиот стан на улицата „Киро Крстев“ во Неготино. Според информациите, врз човекот немало траги на насилство, а за време на транспортот со брза помош до болница тој починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција