Мисајловски: Власта ги заборави жителите на „Железара“

0
53

Попладнево дојдов во населеното место Железара, општина Гази Баба. На средбата со жителите од оваа населба со мене присуствуваа и кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска. Поразговаравме со граѓаните за проблемите кои ги има тука во Железара. Луѓето велат дека во Железара биле навикнати нешто да се случува, да се работи и да се надградува.

Но, тоа било во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ раководело со државата и насекаде се реализирале голем број инфраструктурни проекти. Сакаат тие времиња да се вратат што побрзо бидејќи на Железара и е потребна обнова, потребни и се нови проекти кои ќе го разубават ликот на населбата, а граѓаните ќе ги немаат сега постоечките проблеми од инфраструктурен аспект.

Тврдат дека луѓето кои моментално раководат со државата и на локално и на централно ниво се тотално незаинтересирани за проблемите и барањата на граѓаните, и тоа мора да се промени. Затоа, упатија јасна поддршка која ќе ја пренесат преку заокружувањето на бројот 14 на изборното гласачко ливче, со што ќе ја донесат Обновата на Македонија!