Платини под истрага, си присвоил 2 милиони долари?

0
70

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини официјално е под истрага на швајцарските органи поради сомнеж дека во 2011 година нелегално присвоил 2 милиони долари.

Швајцарскиот државен тужител овој месец го дополни кривичниот предмет против екс-претседателот на ФИФА, Сеп Блатер за мито, со кој е поврзан и Платини, се неведува во документите до кои дојде „Асошиејтед прес“.

Платини кој во тоа време беше прв човек на европскиот фудбал се сомничи дека бил соучесник во кривично дело лошо раководење, фалфификување и нелегално присвојување пари, се наведува во документите.

Поранешниот капитен на фудбалската селекција на Франција во јануари 2011 година поднесе барање за исплата на дополнителни средства на име на советник на Сеп Блатер, функција што ја извршувал од 1998 до 2002 година. Тие пари исплатени му се во наредниот месец.