Македонски концепт: ОК на ВМРО ДПМНЕ користеше деца за нанесување штета на нашиот караван во Струмица

0
66

Македонски концепт соопшти дека остро го осудува обидот на извесни политички субјекти да ја оцрнат нивната кампања со копирање на нивните симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели.

„ Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот. Денеска откако карванот на Македонски концепт беше во Струмица и имаше средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО-ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.

Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.

Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!

Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт“ велат од партијата