Мицкоски на средба со штедачите од ТАТ: Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена, доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот

0
55

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Битола.

При посетата тој се сретна и со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ, каде им вети обнова која сигурно ќе ја реализираат во наредните четири години.

-Во Битола се видов со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ. Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот. Во тоа време Радмила Шекеринска беше функционер во СДСМ, а Зоран Заев на почетокот на својата политичка кариера. Денес истите ликови се актуелни во политиката. Тогашниот октопод го надоградија со рекетарски Октопод. Затоа, сето ова може да се прекрати, а одговорот е 15 јули. Не ветувам работи за кои не сум стопроцентно сигурен дека ќе ги остварам, но тоа што го ветувам, а го има во програмата Проект „Обнова“ бидете сигурни дека ќе го реализираме. Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена. Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот.
#ИсправиСеМакедонијо, стои во неговиот пост на Фејсбук.