Се обидел да го прегази со автомобил по расправија за паркинг

0
70

Гостиварец и кавадарчанец се степале за паркинг во Скопје. По тепачката, гостиварецот се обидел да го прегази кавадарчанецот, по што отишол дома и се вратил со воздушен пиштол.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера околу 15.15 часот.

Во полиција било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Т.(40) од Гостивар и Ј.Ј.(40) од Кавадарци, на која, според пријавеното, ѝ претходела вербална расправија поради место на паркинг.

Според пријавеното, Ј.Ј. со неговото возило се обидел да го прегази Н.Т., кој притоа се здобил со повреда, по што започнала физичка пресметка меѓу нив.

Во еден момент Ј.Ј. отишол до куќата во која престојувал и се вратил со пиштол, додека Н.Т. избегал.

По пристигнување на полициските службеници, Ј.Ј. бил затекнат со посочениот пиштол, за кој било утврдено дека е воздушен и кој му бил одземен. Тој бил приведен, а Н.Т. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок