Села: Игрите на среќа ќе биудат дозволени само во хотелите со пет ѕвезди

0
69

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села истакна дека доколку Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, затоа што, како што рекол, хотелите со 5 ѕвезди гарантираат дека нема да бидат близу до населбите, не секој може да пристапи до нив, а со тоа задоволително ќе се запре овој девијантен феномен. Села ова го изјавил на собирот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, со жителите на селото Пирок.

Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и истото е веќе вклучено во коалициската програма Алијанса за Албанците и Алтернатива „Држава за сите“.

Понатаму, Зијадин Села истакна дека оваа коалиција која, доколку е дел од владата, ќе го промени законот за игри на среќа, слично како и моделот на Албанија и Косово, затоа што оваа девијантна појава во нашето општество, принудува илјадници млади албанци да заминат од државата, барајќи го решението во европските земји како Германија и други земји. Тековната состојба со казината е план што го надополнува мозаикот дека еден ден ни се раскажува за приказни за заедничко општество за сите, но државата да се резервира само за нив. Немаме време да изгубиме “.