Чулев објасни зошто неговото семејство е во министерската вила во Охрид

0
57

Вилата на Министерството за внатрешни работи во Охрид, која функционерите во министерството ја користат за службени потреби, изминативе денови е престојувалиште за семејството на техничкиот министер, Наќе Чулев.

Тој кажа дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила, укажувајќи дека требало и тој да им се придружи.

Станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или, пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест, кажа Чулев.

„Се работи за објект на Министерството за внатрешни работи, не е владин објект, тоа е објект на МВР, којшто се наоѓа во Охрид и каде што во моментот на три дена престојува моето семејство и јас требаше да им се придружам, меѓутоа не им се придружив. Тоа е објект што е на располагање заедно со одморалиштата на Министерството за внатрешни работи и  може да го користат вработените и менаџментот на МВР“, рече министерот.

Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.