Притвор за чичкото кој ги малтретирал внуците во Градски парк

0
117

Кривичниот суд му изрече мерка 30 денa притвор на чичкото кој ги малтретирал своите внуци во Градскиот парк. Како што претходно беше објавено, вчера во Градскиот парк во Скопје тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра.

Случајот бил пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка