Приведен штипјанец поради криумчарење мигранти

0
105

Шипјанец на 36-годишна возраст (Ф.Ш.) бил приведен на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.

„При обид да застанат патничко возило ‘ауди А6’, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот. По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано Чифлик, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР за овој случај.