СЗО: Регистриран најголем број заразени во еден ден

0
140

Светската здравствена организација објави дека светот регистрира нов најголем број заразени со коронавирус за еден ден, откако инфекцијата беше потврдена кај повеќе од 189.000 луѓе во претходните 24 часа. Досега најголем број заразени за еден ден изнесуваше 183.000.

Повеќето нови случаи на инфекција се регистрирани во Бразил, повеќе од 46.800, а потоа следат САД, 44.400 и Индија со околу 20.000 новоинфицирани.

Повеќе од 500.000 луѓе ширум светот ги загубија животите како резултат на пандемијата на коронавирус, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД. Откако вирусот се појави во Кина кон крајот на минатата година, има повеќе од 10 милиони случаи.