Наследникот на Нојер ги помина лекарските прегледи во Баерн

0
36

Александер Нибел (23) довчерашниот голман на Шалке 04 ги помина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен, објави актуелниот германски шампион.

Нибел како слободен играч дојде во Минхен, а договорот беше послтигнат минатата зима.

Продолжи „грабежот“ на Баерн во Гелзенкирхен, затоа што Нибел по Хамит Алтинтоп и Леон Горетцка е уште еден фудбалер на Шалке што завршува во најдобриот германски клуб.

За да го спречи неговиот премин во Минхен, Шалке му нудеше на Нибел нов четиригодишен договор со годишна плата од 7 милиони евра по сезона.

Сепак, голманот кој од 2015 е на голот на клубот од Гелзенкирхен прифати помала плата само да прејде во редовите на Баерн.

Германските медиуми пишуваат дека во новиот клуб Нибел ќе заработува по 5.5 милиони евра годишно.

Младиот голман се очекува меѓу стативите во Баерн да го замени ветеранот Мануел Нојер кој влезе во 35-тата година, а во Минхен е веќе деветта година.

Нибел ќе учи и ќе созрева од искусен чувар на мрежата кој долги години е и во репрезентацијата на Германија.