ВМРО-ДПМНЕ: Доктори колабираат од умор, а Филипче се смее на спотови на Заев

0
59

„Тоталната незаинтересираност на Заев и Филипче за здравјето на граѓаните резултира со тотално фијаско на здравствениот систем во борба со коронавирусот. Европа ни ги затвора границите препознавајќи ја неспособноста на Заев и Филипче. Не сакаат да ги загрозат здравјето и безбедноста на нивните граѓани поради тоа што Заев и Филипче ја запоставија корона-кризата и се фрлија на коруптивни афери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вчера имаше 126 нови случаи на заразени од корона и 4 починати. Заев и Филипче од Македонија направија црна точка во Европа.

„Поради Заев и Филипче имавме втор пик во јуни. Затоа што наместо да си ја работат работата, Заев договарал и местел тендери, зел поткуп и менаџирал рекет. Здравјето на граѓаните било во втор план, затоа што во прв план било земањето на 300.000 евра од Дака. Заев и вчера не кажа за што ги потрошил тие 300.000 евра кои ги зел од Дака. Додека граѓаните ги чувствуваат последиците од корона-кризата, Заев и неговите функционери бројат милиони од поткуп. Заев уште молчи, а ЈО не презема ништо за тврдењето на Боки 13, дека парите кои тој ги рекетирал завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Македонија се наоѓа во оваа состојба на безизлез и апатија, затоа што наместо да се работат, Заев и СДСМ три години мислеа само на криминал, корупција и рекет. Македонија тоне, а тие штанцаат лиценци за марихуана, местат тендери за РЕК ‘Битола’, рекетираат фирми. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението.