Мицкоски: Земете ги подароците што ви ги нудат пред избори, а потоа свртете им го грбот

0
120

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во рамките на кампањата „За обнова на Македонија“ се обрати пред жителите Македонски Брод.

Тој им сугерираше да не потклекнуваат и да не им веруваат на подароците од власта што ги добиваат пред изборите со лага дека се работи за помoш

„Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот“, порача Мицкоски.

Пред присутните нагласи дека неговата партија има читанка (како што ја наречена изборната програма), од 360 страници, со план како да се зголемат платите за минимум 25 проценти од просечната во рок од еден мандат.

„Минимум 4 милијарди инвестиции домашни и странски. За секој оној што ќе вработи млад човек до 29 години – нула данок. Ќе реновираме болници, докторите да си ги вратиме дома. Да не бидеме извозници на здравствени работници. И 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп. И многу други работи ќе најдете во оваа читанка. Затоа масовно излезете и поддржете ја програмата за обнова на Македонија“, повика во Македонски Брод лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.